2win800x200

Познат инвеститор вложил над 77 илјади евра и купил акции во Стопанска банка Битола

Април 24, 2025

Во акции на Стопанска банка Битола познат инвеститор вложил 77,7 илјади евра. Блок-трансакцијата е регистрирана во официјалната дневна листа на Македонска берза.

Извршена е купопродажба на 1.366 акции по единечна цена од 3.500 денари. Вредноста на трансакцијата е 4.781.000 денари.

Цената за акција е пониска од просекот од 3.564,52 денари со кој заврши денешното тргување. На официјалниот пазар се истргувани 31 акција, при што е остварен промет од 110.500 денари. Дневната промена е позитивни 1,84 проценти.

Блок со акциите на малата банка, која лани успеа прекланската загуба да ја трансформира во добивка, имало и пред осум дена. Берзанската статистика тогаш забележала трансакција од 65.851.500 денари, односно од над еден милион евра. За тој износ биле купени 19.500 акции по цена од 3.377 денари.

 

 

Извор https://pari.com.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани