ООУ ,,Елпида Караманди" - Битола, го прослави својот Патронен празник и 45 години постоење.
Поздравен говор на в.д Директорка Емилија Николовска Спировски:
Почитуван Градоначалник, почитуван претседател на Сојузот на борци и членови на претседателство, почитувани наши колеги-пензионери, колеги, родители, наставници,
Добродојдовте на одбележувањето на патронатот на нашето училиште Елпида Караманди. Денес сме овде за да ја одбележиме не само историјата на нашето училиште, туку и споменот на жената чие име со гордост го носиме - Елпида Караманди.
Елпида беше симбол на храброст, достоинство и пожртвуваност. Нејзината борба за слобода и правда ни покажува дека вистинските вредности не познаваат возраст, пол или време. Таа, ни остави завет да бидеме храбри, да веруваме во иднината, и да се бориме за вистината.
Денес низ делата на нашите ученици, низ трудот на наставниците и поддршката на родителите се гледа духот на Елпида.
Нашето училиште е место каде што се градат знаења, но и карактери. Место каде што секое дете има можност да расте, да сонува и да се остварува.
Нека овој ден не биде само формалност, туку вистинска инспирација да продолжиме со уште поголема посветеност, соработка, и љубов кон знаењето.
Во име на целото училиште, Ви благодарам што сте дел од ова семејство. Нека ни е честит патронатот и нека свети делото на Елпида Караманди во срцата на сите идни генерации.