2win800x200

Во НУУБ„Св.Климент Охридски“ Битола се одбележува Светскиот ден на книгата и авторските права – 23 април 2025

Април 23, 2025
Светски ден на книгата и авторските права – 23 април 2025 одбележан во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола 
 
Денес во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одбележа Светскиот ден на книгата и авторските права – ден посветен на славењето на пишаниот збор, креативноста и културното наследство што се пренесува преку книгите.
 По повод овој значаен ден беа прочитани две инспиративни пораки:
 Македонската порака за 2025 година, подготвена од проф. д-р Славица Велева, беше фокусирана на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот литературен јазик – историски момент што му даде институционален живот на нашиот мајчин јазик и го утврди како столб на културниот и националниот идентитет.
 „Го славиме зборот, но и правото на збор. Го славиме авторот, но и правото на свој јазик преку кој авторот може да создава, да зборува, да сонува.“
492010218 1112650960903887 8827980478277172948 n
 Директорката на библиотеката, м-р Емилија Стефановска Давкова, потсети дека улогата на библиотеките денес е поважна од кога било – да го штитат и промовираат знаењето, да поттикнуваат дијалог и да го негуваат јазикот како живо културно наследство.
 Пораката од УНЕСКО, напишана од Генералниот директор Одри Азуле и прочитана од проф. Сара Груеска, ја нагласи 30-годишнината од Светскиот ден на книгата и посветеноста на организацијата за унапредување на писменоста, читањето и заштитата на авторските права на глобално ниво.
 „Светот не може да напредува без книги. Ред по ред, страница по страница, тие ги хранат нашите мисли и ја поттикнуваат креативноста што ни е потребна за да се справиме со сложените предизвици на човештвото.“
 На овој ден, да се потсетиме дека книгата е прозорец кон светот, а читањето – патување без граници. Да ги охрабриме младите да читаат, авторите да пишуваат, а институциите – да создаваат услови за трајна заштита и вреднување на авторскиот труд.
 Традиционално, прославата ја заокруживме со симболичен гест – подаривме цвеќиња, донација од Green Garden Centar @ Rasadnik, на нашите најдраги посетители.
May be an image of 8 people and people studying
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани