
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Учениците од горната Гимназија се државни прваци во ракомет за средни училишта. Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Министерството за образование и наука и Министерството за спорт при Владата на Македонија во Прилеп се одржа завршниот финален “фајнл фор“ турнир на најдобрите четири ракометни екипи од сите средни училишта во нашата држава.
Покрај Гимназијата “Јосип Броз Тито“ – Битола, останати училишта кои обезбедија пласман беа СОУ “Мирче Ацев“ – Прилеп, СОУ “Гоце Делчев“ – Куманово и СОТУ ‘Михајло Пупин“ – Скопје.
Екипата на битолската Гимназија во полуфиналниот натпревар беше подобра од екипата на кумановската Гимназија и извојува победа од 10 гола разлика. Во вториот полуфинален натпревар победник беше екипата на прилепската Гимназија во далеку понеизвесен натпревар со еден гол разлика.
Финалето беше помеѓу домаќинот Гимназијата “Мирче Ацев“ – Прилеп и Гимназијата “Јосип Броз Тито“ – Битола. И на овај финален натпревар нашите ракометари надмоќно забележаа победа со резултат 17:23.