2win800x200

МКЦ-Битола ќе го одбележи Меѓународниот ден на џезот во Битола со концерт на Филип Динев Трио

Април 24, 2025

Младинскиот културен центар – Битола (официјален младински клуб на УНЕСКО) за одбележување на Меѓународниот ден на џезот ќе организира концерт во живо на Филип Динев Трио во среда на 30 април 2025 година со почеток во 22.00 часот, во кафе бар Порта Џез во Битола.

Филип Динев е македонски гитарист/композитор со интернационална кариера. Магистрант на ХФМТ Хамбург, автор и продуцент на 2 оригинални изданија – „Romann“ (2024) и „Szvetlo“ (2020). Париз, Будимпешта, Базел, Талин, Берлин, Хамбург, Лајпциг и Дрезден се само дел од европските градови каде Динев има концeртирано. Композиторскиот печат и виртуозноста со влијание од класичнабалканска и традиционална џез музика го прават Динев еден од најавтентичните гитаристи во регионот и Европа. Покрај авторските концерти, свирел и со светски имиња, како Nils Landgren, China Moses и Teemu Viinikainen.

Филип Динев - гитара/композиции
Андреа Мирчевска  - контрабас
Дамјан Грујо - тапани

Влезот за концертот е бесплатен.

Овој концерт по единаесетти пат ќе ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.

Настанот се организира во партнерство со Порта Џез и со финансиска поддршка од Општина Битола.

Младински културен центар - Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани