2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

27 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

Февруари 27, 2022
На 26/27.02.22 во периодот од 22.00 до 02.00 часот полициски службеници од СВР Битола на подрачјето на СВР Битола, спроведоа акциска контрола за управување возило под дејство на алкохол. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се 27 прекршоци.
 
Притоа, најголемиот број од нив се на подрачјето на Битола – 12,  на подрачјето на Прилеп – 9, по 2 на подрачјето на Ресен и Демир Хисар  и  по една на подрачјето на Македонски Брод и Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 25 останати прекршоци.
 
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани