2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Угостителски објект на Широк Сокак крадел струја од ормар на Општина Битола

Април 12, 2022

Угостителски објект на Широк Сокак без дозвола, односно на диво земал струја од ормар за електрична енергија во сопственост на Општина Битола сместен на улица „Виенска“ и на тој начин го греел и во дел го осветлувал објектот, потврдија од СВР Битола за Апла.мк

„На 07.04.2022, вработен во општина Битола пријавил дека на ул.Виенска во Битола, на Плоштадот Гоце Делчева од ормар за електрична енергија, сопственост на Општина Битола има кражба на електрична енергија. Увидна екипа при СВР Битола излегла на местото на настанот, при што било константирано дека на ул.Виенска се наоѓа ормар за електрична енергија со повеќе приклучоци и тој е поставен во внатрешноста на терасата од угостителски објект и од истиот се напојуваат повеќе грејни тела и дел од осветлувањето во објектот, за кој одобрение за користење на други лица Општината нема дадено“, пишува во одговорот од СБР Битола.

Од полиција велат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани