АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Премиерот на Бугарија Кирил Петков и другите бугарски владини претставници кои ќе присуствуваат сабота во Битола на сопствена режија, сепак ќе се сретнат и со македонскиот премиер Ковачевски или со друг претставник од македонската Влада во МЕПСО Битола. Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес конференција изјави дека Петков ќе има официјална средба со наши претставници во кругот на РЕК „Битола“ (мислеше на МЕПСО) за да го види далеководот Битола-Елбасан.
„Со премиерот договараме да има и официјална средба. Не можам да кажам дали премиерот Ковачевски ќе биде поради здравствената состојба, значи или премиерот или некој од министрите, на далеководот Битола-Елбасан кој е дел од Коридорот 8 и преку кој ќе може Република Бугарија да извезе струја и на европскиот пазар, важно е тоа за двете држави. Потоа тие имаат свои ангажмани во културниот центар во Битола во организација на Бугарската амбасада“, рече Османи.
Надвор од оваа средба, посетата на Петков и другите претставници од бугарската делегација е на нивна режија и на другите настани нема да присуствуваат претставници од македонската влада.
Ианку, денес се уредува Клубот „Ванчо Михајлов ВМРО“ на улица „Рузвелтова“ во Битола за саботното отворање на кое се очекува да присуствува премиерот на Бугарија Кирил Петков и потпретседателката на бугарската влада Илиана Јотова. Денес, на два дена пред отворањето на клубот, кој е во сопственост на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола имаше работници кои го средуваа местото.