АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Овде никој не бил убиен само поради тоа што се чувствува како Бугарин, вели историчарот Александар Литовски. Тој во минатото беше член на македонско-бугарската Комисија, а сега смета дека треба сè погласно да се зборува за историските вистини и минатото, по отворањето и актуелните случувања со клубот „Ванчо Михајлов во Битола.
„НАСТРАДАА МАЛ БРОЈ НА СОРАБОТНИЦИ НА ФАШИСТИЧКИОТ ОКУПАТОР МЕЃУТОА НИКОЈ НЕ БИЛ УБИЕН САМО ЗАРАДИ ТОА ШТО СЕ ЧУВСТВУВА КАКО БУГАРИН. ОД ДРУГА СТРАНА, ОБРАТНА Е СИТУАЦИЈАТА БИДЕЈЌИ ИМА БЕЗБРОЈ МАКЕДОНСКИ ЖРТВИ ОД СТРАНА НА БУГАРСКАТА ВОЈСКА И ПОЛИЦИЈА КОИ ОД 1941 ДО 1944 ГОДИНА ГО ИМАА ОКУПИРАНО ВАРДАРСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА. БУГАРСКИТЕ ОФИЦИЈАЛНИ ЛИЦА СЕ ОДНЕСУВААТ СОГЛАСНО СТАРАТА НАРОДНА ПОГОВОРКА „ДРЖЕТЕ ГО КРАДЕЦОТ“ БИДЕЈЌИ БУГАРИЈА ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА НЕКАКВИ ЗЛОСТОРСТВА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА, А НЕ ОБРАТНО.“ – ПОРАЧУВА ИСТОРИЧАРОТ АЛЕКСАНДАР ЛИТОВСКИ.
Изнесувањето на историски факти и вистини не што не е контрапродуктивно за македонската страна туку и премалку се потенцираат истите, смета Литовски.
„БУГАРИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА БЕШЕ СОУЧЕСНИК НА ХИТЛЕР, МУСОЛИНИ И ОСТАНАТИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ГОЛЕМАТА ФАШИСТИЧКА КОАЛИЦИЈА И ОД ТОЈ АСПЕКТ ГЛЕДАНО, МАКЕДОНИЈА НЕМА НИКАКВА ПОТРЕБА ДА ГИ КРИЕ ТИЕ ФАКТИ КАКО ШТО ДЕФАНЗИВНО ДОСЕГА МНОГУ ЧЕСТО СЕ СЛУЧУВАШЕ.“ – ДОДАВА ЛИТОВСКИ
Но, бидејќи Бугарија провоцира со потези како отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“, Литовски вели дека време е и Македонија да зборува повеќе за жртвите од минатото.