2win800x200

Радиологот Димовски-Превентивните прегледи за рано откривање на ракот на дојка даваат поголеми шанси за преживување

Мај 12, 2022

Во рамките на „Неделата на женското здравје”во Универзитетската библиотеката во Битола „Свети Климент Охридски“ се одржа предавање на тема „Раното откривање спасува животи“. Предавањето го одржа д-р Александар Димовски, специјалист по радиодијагностика вработен во Клиничката болница Битола. Доктор Димовски зборуваше за ракот на дојката, неговите причинители, симптоми, но најважно за превентивните мерки и скринингот, како што е мамографијата. Тој силно укажа на важноста од рано откривање на ракот на дојката за неговото лекување и поголеми шанси за преживување. 
Предавањето го организираа НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола, „Сумнал„ - здружение за развој на ромската заедница и Ротари клуб „Широк Сокак“ - Битола.

 

Можно е да е слика од 8 луѓе, седнати луѓе, луѓе што стојат и внатре

Можно е да е слика од 6 луѓе, седнати луѓе, луѓе што стојат и внатре

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани