АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Младо дрво е насилно искршено во стеблото во Градскиот парк во Битола, спроти Стадионот. Дрвото само што оформило крошна е дивјачки преполовено и ничкосано оставено на патеката, за што „дивјаците“ очигледно вложиле енергија во нивната крајно несовесна игра. Битолчани кои утрово пешачеа низ Градскиот парк се згрозени од деструктивната енергија на вандалите за кои велат дека без двоумење се млади лице.
-Гневот е голем, особено што на „мајмуните“ кои си играат со младите дрвја низ паркот не им е прв пат да уништиваат, реагираат повозрасни битолчани, додавајќи дека Градскиот парк е душата на Битола и децата треба од мали нозе да се воспитуваат дека треба да се чува и негува се што е во него..
Во истовреме, откорнати се млади борчиња од кружните аранжмани на паркот.