АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Одделението за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Клиничката болница во Битола е комплетно реновирано со донација од Големата ложа на Македонијa, набавен е нов респираторен апарат со средства на самата Болница, што е од исклучително значење за лекување на најтешките пациенти
-Во Клиничката болница во Битола е реновиран а службата за Анестезија, реанимација и интензивно лекување. Се работи за градежен потфат, реновирање на просториите во одделението за интензивно лекување, собата за будење и санитарни јазли. Сакам да се заблагодарам на Големат ложа за оваа донација, кои со нивни финансиски средства овозможија овој дел да добие ново руво со што значитeлно ќе се подобрат условите за најтешките пациенти на кои што им е потребно интензивно лекување. Од буџетот на Клиничката болница пак, во Одделенеито за интензивно лекување, набавен е современ респираторен апарат, кој што исто така е значајна алка во подобрување на здравствената заштита на интензивно загрозените пациенти, рече заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски.
-Посено сме горди на оваа донација. Почнавме со реализација во најтешкото време на ковид-19, но успеавме после 1 година да направиме целосно реновирање на одделот во вреднoст од 4,4 милиони денари и се надевам дека придонесуваме за сите жители на Битола , но и останатите пациенти од Пелгонискиот регион, рече Марјан Бојаџиев, Голем Мајстор на Големата ложа на Македонија