АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Алармантната и неодржлива е состојба во однос на бројот на вработени на универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола со што се доведува во прашање редовното функционирање на универзитетот како и единиците на истиот. Недостиг има на наставно-научниот, наставно-стручниот, научниот, наставниот, особено на соработничкиот, но и на админстративниот и помошно –техничкиот кадар. Ова е еден од заклучоците што ги донесе Иницијативниот одбор за синдикално организирање на вработените на Универзитетот на состанокот одржан деновиве.
Во писмениот допис до медиумите Иницијативниот одбор , исто така, заклучува дека алармантна е состојбата во однос на малите и нестимулативни примања на вработените кој придонесува за понатамошен одлив на бројот на вработени по сите основи во земјава и странство.
„Актуелната тешка економско-финансиска криза со голема инфлаторска стапка создава дополнителен притисок врз сите вработени, а за која мора да се најде решение. Ваквите состојби се присутни во сите јавни високо-образовни институции во државата без исклучок и решението треба да се бара за сите. Напоменуваме дека решенијата треба да се бараат во дијалог со надлежните и засеганатите инстуитуции“, пишува во заклучоците.
Ректорот Игор Неделковски и претседателот на универзитетскиот Сенат, Пеце Николовски, дадоа јавна поддршка на заклучоците на Иницијативниот одбор за синдикално организирање на вработените во Универзитетот. И тие укажаа дека состојбата на универзитетот е лоша како од аспект на ниските плати, така и од немањето на научен подмладок, посебно е проблематично што при пензионирање на кадарот тешко се обезбедува согласност за замена со нов млад кадар на работни места кои веќе биле финансирани од буџетот, а се неопгхходни за непречено одвивање на наставно-научниот процес.