2win800x200

Управата за извршување на санкции го демантира Мавровски за нападите врз раководството на Битолскиот затвор

Ноември 30, 2022
Управата за извршување на санкции под чија надлежнст е и Битолскиот затвор се огласи со соопштение во кое ги отфрла вчерашните обвинувања за негрижа за установата, изречени од ВМРО ДПМНЕ.  
Соопштението ви го пренесуваме во целост 
КПУ Затвор – Битола е реконструиран со пари од Европската унија и од Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од еден милион евра. Постапката ја водеа Министерството за финансии на РСМ и Министертвото за правда на РСМ, кои ја распишаа јавната набавка и надзорот врз реализацијата на проектот.
Директорот на КПУ Затвор – Битола, Драган Крајовски заедно со Управата за извршување на санкции при Министерството за правда на РСМ и стотината осуденици и притвореници, сместени во битолскиот затвор секојдневно водат грижа за објектот и опремата во установата.
Потсетуваме дека со проектот за комплетна реконструкција и опрема на КПУ Затвор – Битола беше опфатен простор од 1.420 метри квадратни, со капацитет за 82 лица и приемна просторија за четири лица. Реновирани се затворскиот дел, притворскиот, полуотвореното и затвореното одделение, административниот дел, шеталиштето, електричните инсталации, напојувањето, осветлувањето, телекомуникациската опрема, видеонадзорот, греењето и ладењето на сите простории.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани