АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола објави јавен оглас за ангажирање наконсултант и тутори за поддршка на ученици во второ, трето, четврто одделение во основно образование во Општина Битола. Оваа активност се имплентира како дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни“ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“.
Повеќе информации во врска со овој јавен оглас, достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/јавен-оглас-за-ангаѓирање-на-1-консулта/
Исто така, општина Битола објави јавен повик за учество во акција за дооформување на средно образование за возрасни лица Роми од Општина Битола. И ова активност се имплентира како дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни“ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“.
Повеќе информации за повикот, достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/јавен-повик-за-учество-во-акција-за-под/