АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Битола од неодмана започна со работа Психолошко катче за деца и млади „Растеме и учиме“.
Основната цел е да понудиме креативни работилници во кои вашите деца ќе ги развијат и спознаат своите функционални знаења, креативно мислење, градење и потврдување на позитивна слика за себа, збогатување на флуентноста во говорот, социјални вештини, слобода на израз, експериментирање, толеранција и соработка, имајќи предвид дека секој е различен и таа индивидуалност треба да се прифати и почитува.
Првите 12 години од животот на децата е најважен период за достигнување на оптимален биолошки потенцијал.
Детството е клучен фактор во развојот на децата, за стимулирање на психичкиот, емоционалниот и интелектуалниот напредок.
Работилниците се наменети за деца од предшколска возраст започнувајќи од 4 години и деца од школска возраст до 18 години, во групи со ограничен број.
Исто така работиме и индивидуални средби за деца, млади и возрасни, во насока на личен раст и развој, се со цел за успешно и конструктивно справување во секојдневниот живот и работа.
Групите ги водат искусни психолози и гешталт советници:
М-р Марина Кузмановска, психлог, гешталт советник и
Рената Димановска Лиценциран психолог, гешталт советник, базично ново на ЕДРМ терапија.
За дополнителни информации можете да не најдете на facebook страната Растеме и учиме. https://www.facebook.com/rastemeiucime