АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јавното претпријатие „Нискоградба“ започна со санација на ударните дупки низ улиците во општина Битола, односно локалните патишта кои се под општинскa надлежност.
„Поради временските неприлики и дотур на асфалт од базите одреден период не се извршуваа овие активности. Согласно програмата на Општина Битола за одржување на улици и патишта во следниот период интензивно според списокот што ни го достави Општината со имиња на улици за санација на ударни дупки, активностите ќе течат континуирано“, рече директорот Методи Силјановски.
Со цел да бидат поефикасни во санирањето на уличните дупки, а да им излегуваат во пресрет на потребите на населението, Јавното претпријатие „Нискоградба“ започнува нова акција во која на граѓаните им се дава можност телефонски да пријават патишта низ општината каде има дупки, па е потребна интервенција.
„Упатуваме апел до граѓаните да пријават кај нас оштетување на коловозите без оглед дали се ударни дупки или прекопи од санација на водоводна или канализациона мрежа и други интервенции. Оваа акција ќе се евидентира на страницата на ЈП ‘Нискоградба’ и на фејсбук страницата на јавното претпријатие. И јавно повикуваме да пријавуваат со цел поинтензивно и поефективно санирање на коловозите“, рече Силјановски.
Телефони за контакт се следните: стопански довор 047/221 016 и во дирекcija 047/233 -600 и 047/ 233- 199.
За санирање на ударните дупки и прекопи на коловозите според договорот со Општината проектирана е финансиска рамка од 6 милиони денари. Но, ако има потреба од дополнителни активности и интервенции на коловозите , таа финансиска рамка може да се прошири .