АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Секое дете има свој сон, а она на што треба да се тежнее е детскиот сон да се исполни. Со кретивна работилница наставничката Љубица Стерјева која води клас во петто оддление во ООУ „Тодор Ангелевски“ во Битола им овозможи на свои ученици да сонуваат и додека се на училиште, меѓу училишните клупи и столчиња каде по редот на нештата се седи се учи и се следи настава. Така во пижами и паучи и покриено со кебенца, учениците сонуваа за своето детство, за својата иднина, за исполнување на своите мечти.
„Секое дете треба да има можност да го исполни својот сон. Работилницата имаше цел да ги разбуди детските мечти, да се преиспитаа што сакаат сега додека се деца и кој е нивниот најголем сон за во иднина“, изјави одделенскиот наставник Љубица Стерјева.