2win800x200

Владимир Талески со мобилен телефон во ќелијата на прилепскиот затвор

Април 18, 2023

БИТОЛА – Со мобилен телефон в рака, екс-градоначалникот на Битола, Владимир Талески, е во затворската ќелија во прилепскиот затвор. По долна маичка, со тренерки и влечки, Талески е најверојатно фотографиран без да знае, од друг затвореник во ќелијата, кој, најверојатно, исто така користи мобилен телефон. На фотографијата се гледа дека Талески е во разговор со трето лице додека во рацете држи мобилен телефон, пренесува Независен на следниот линк https://nezavisen.mk/vladimir-taleski-so-mobilen-telefon-vo-kjelijata-na-prilepskiot-zatvor/

Директорот на прилепскиот затвор Александар Дамески, информацијата за тоа дека Талески користи телефон во ќелијата, исто како и „неговиот цимер“ што фотографирал, ја слушна од дописникот на „Независен“, па побара да ја види, за да препознае, дали навистина е затворската ќелија каде е сместен Талески. По разгледувањето на фотографијата без да демантира дека е затворскиот амбиент во прилепскиот затвор, рече дека веднаш ќе ја испрати до неговите служби да проверат како екс-градоначалникот на Битола дошол до телефон во ќелијата и како слободно го држи в раце и разговара и покрај тоа што знае дека тоа не му е дозволено. 

„Сликата не ми е доволно јасна, ја пратив на проверка, амбиентот е тој од затворската ќелија, ќе ви кажам повеќе кога ќе провериме, но не држи само едниот затвореник телефон в раце, туку и тој што ја направил фотографијата“, рече за „Независен“ директорот Дамески и не крие дека телефоните „влегуваат“ во затворските ќелии и покрај безбедносните мерки. 

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани