2win800x200

Коњановски најави реконструкција на паркингот кај спортската сала „Боро Чурлевски„

Мај 30, 2023
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и изведувачот на градежните работи на паркингот кај спортската сала „Боро Чурлевски“, денес извршија увид на теренот, пред реализација на активностите, кои планирано е да отпочнат идната недела. Коњановски, ги најави инвестициите кои ќе следуваат во овој дел, како и другите проекти за подобрување на спортската инфраструктура кои ќе следуваат.
 
Поддршката на спортот, вклучувајќи ги спортските клубови, но и спортската инфраструктура се меѓу главните приоритети на оваа локална самоуправа.
На оваа тема започнавме да работиме од првиот ден, за да создадеме подобри услови Битола, спортски да се развива и да напредува. Спортските резултати, се дополнителна потврда, дека планираното со општинските програми и буџет, направеното, како и проектите на кои сега работиме, е токму тоа што и треба на Битола во оваа област.
За оваа година, согласно Програмата за развојни планови, предвидовме реконструкција на паркинг просторот кај спортската сала „Боро Чурлевски“, проект кој вклучува фаза реконструкција на атмосферска канализација, коловоз и електротика, односно соодветно осветлување на просторот. Постапката за јавна набавка ја започнавме на крајот на месец февруари и согласно законските роови, одлуката за избор е донесена на 11 мај, склучен е договор со изведувачот и веќе идната недела започнува работата на терен. За овој проект, предвидена е инвестиција во вредност од 18.301.800 денари.
За периодот кој следува можам да најавам поплочување на платото пред спортската сала, санирање на скалниците, како и соблекувалните, помошните простории и холовите.
Паралелно, се прави разработка и на изготвената техничка документација, согласно високите ЕХФ стандарди, со што настојуваме да создадеме услови за ракометни натпревари со европски екипи на домашен терен во следното издание на Лигата на шампиони кое започнува оваа есен. Битола е горда на големиот успех на Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, кој после 18 години ја враќа шампионската титула онаму каде што и реално припаѓа, во нашиот град. Тоа е силен мотив за сите нас, да го направиме она што го заслужуваат нашите ракометари, ракометни фанови, битолчани.
Во насока на подобрување на условите за напредок на спортот е и капиталниот проект, за кој како општина активно се залагаме, а се однесува на изградбата на модерен спортски комплекс.
За овој проект, веќе објавивме конкурс за идејно решение и врз основа на добиените решенија, започнуваме со постапка за изработка на основен проект со соодветно избрана локација. Станува збор за голема инвестиција за која неопходна е поддршка од централната власт, имајќи предвид дека во Македонија нема општина, која сама со сопствениот буџет, реализирала толкав голем проект. Затоа, очекувам и Владата, да ги следи спортските резултати на Битола и да даде соодветна финансиска поддршка, за да може спортска Битола, да добие спортски комплекс каков што навистина заслужува.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани