АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Исечени се повеќегодишни дрвја кај поранешната Ветеринарна станица во Битола, на местото каде што ќе се гради новиот кружен тек со споменикот на Александар Турунџев.
Од Општината соопштија дека почнуваат подготвителните активности на терен за реализација на прокетот за изградба на кружен тек на улица „Прилепска“ со улица „Баталјон Стив Наумов“ - проект чија реализација, претходно доби едногласна поддршка од сите советнички групи од Советот на општина Битола.
„Заради непречено спроведување на градежните работи, на просторот каде ќе биде изграден новиот кружен тек, неопходно беше отстранување на постоечките дрвја, поради што ЈП Комуналец, годинава, засади 867 нови садници на следните локации: Саат кула, Партизанска, Осми септември, ОУ Стив Наумов, ул. Македонски гемиџии, главен парк и други локации. Претходно, во 2022 беа засадени 452 декоративни и 10 листопадни дрвја“, стои во соопштението од Општина Битола.
Од таму додаваат дека во следната фаза работните активности, на просторот кај ветеринарната станица, ќе продолжат со воспоставување на времен режим на сообраќај за што јавноста навремено ќе биде известена, а изведувачот на работите „Јоска транс“, ќе започне со реконструкција на канализационата мрежа под кружниот тек.
Предвидените средства за реализација на овој инфраструктурен проект се во износ од 11.790.640 денари, во кои е вклучена канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување.
Со завршувањето на проектот, ќе се промени и режимот на сообраќај во овој дел на градот од крстосница со сигнализација во крстосница со кружен тек, што е особено значајно како мерка за растоварување на сообраќајот, во функција на зголемена безбедност и намалување на аерозагадувањето преку намалено задржување на возилата во овој дел на градот.
Од СДСМ пал обвинија дека денес жртва на самоволието на општината се дрвјата кај поранешната ветеринарна станица. „Коњановски, со полициска асистенција и заштита сечи дрвја! Од што се плашат градоначалникот и ДПМНЕ, од своите сограѓани? Ако се толку убедени дека ја прават вистинската работа, зошто масакрот на зеленилото го прават во раните утрински часови, со заштита на полициски службеници“, пишува во соопштен ието на СДСМ Битола.