2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битолската Нискоградба со ново возило

Јуни 09, 2023

Комуналното јавно претпријатие Нискоградба, денеска го збогати возниот парк со ново возило. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на приемот на возилото во јавното претпријатие, каде со директорот Зоран Талевски разговараа за техничките карактеристики на возилото – камион марка Рено, кој покрај за подобрување на ефикасноста на зимската служба ќе се употребува и при извршување на градежни работи, односно за пренос на асфалт, песок и друго.

Вкупната вредност на возилото е 12.213.000 денари, од кои 6.000.000 денари се средства обезбедени од Министерството за локална самоуправа, а другата половина се инвестиција на претпријатието.

Со ваквиот начин на работа се подобрува ефикасноста и експедитивноста на претпријатието, како и неговата работа на повеќе локации за кои претпријатието има склучено договори со општината, во функција на подобрување на условите за граѓаните во Битола.

возило2

возило3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани