АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Апла.мк неофицијално дознава дека две лица се пресметале попладнево во близина на Трета реонска во Битола на самата крстосница под училиштето „Стив Наумов“ и двете се повредени и хоспитализирани. Момците, според очевидци се познати на битолската јавност и одамна меѓу нив имало нетрпеливост. Полицијата излезе на терен, а увид изврши и обвинител од ОЈО Битола. Апла.мк очекува официјална информација од СВР Битола.