
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Синадикалната организација на АД ЕСМ ги започна подготовките за организација на работничките игри на врабоните во Државните електрани кои годинава ќе се одржат од 5 до 8 септември во хотелот Десарет. Според синдикалниот лидер, Јове Смилевски, на игрите учество ќе земат вработени од секоја подружница на АД ЕСМ.
“ АД ЕСМ е компанија со над 5.000 вработени и традиционално, секоја година во септември се одржуваат Синдикални работнички игри. Тоа е можност за колегите од сите подружници на компанијата да другаруваат надвор од работните места и да се натпреваруваат во различни спортски дисциплини. После огромните напори кои изминатата година ги вложија вработените во АД ЕСМ за државата успешно и без еден ден рестрикции да се справи со енергетската криза, сметам дека Синдикалните работнички игри добро ќе им дојдат на работниците за малку да се опуштат и подготват за новите предизвици што доаѓаат”, вели Смилевски.
Синдикалните работнички игри ќе се одржат со поддршка на Управниот одбор на АД ЕСМ. Тоа е уште еден показател дека синдикалното организирање и дејствување се една од суштинските алки во институционалното, но и во севкупното почитување и остварување на социјалните и работнички права на вработените во Државните електрани.
“ Како за сите прашања во рамките на компанијата, така и за организацијата на Синдикалните работнички игри, тесно соработуваме со Управниот одбор и со генералниот директор, Васко Стефанов. Заеднички беше ставот дека оваа убава традиција годинава има услови да се реализара. Синдикалната организација на АД ЕСМ ќе направи се за и овој пат работниците да уживаат и да се дружат”, додава Смилевски.
Синдикалните работнички игри на АД ЕСМ ќе се одржат по две години пауза заради ковид пандемијата и една година заради кризата во енергетскиот сектор.