2win800x200

Горната гимназија е домаќин на ученици од Тирана со цел соработка меѓу училишта во Западен Балкан

Септември 12, 2023
Реализација на вториот дел од меѓуучилишната размена на ученици на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“-Битола и Гимназија „Асим Вокши“-Тирана во Битола
Од 11.9.2023 до 17.92023 во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“-Битола се остварува вториот дел од меѓуучилишната размена на ученици меѓу двете гимназии: СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“-Битола и Гимназија „Асим Вокши“-Тирана. Имено, станува збор за многу важен образовно-воспитен меѓунационален проект што се остварува преку Regional Youth Cooperation Office - RYCO, организација што има за цел да ја поттикне соработката меѓу училиштата во Западен Балкан.
Можно е да е слика од 4 луѓе и луѓе студираат
Овојпат, како добри домаќини ќе се покажат учениците од втора година при СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“-Битола, кои под менторство на педагогот Биљана Исковска и професорката по Македонски јазик и литература – Даниела Петровска, ќе им укажат гостопримство на своите албански другари од Тирана. Седум дена тие заедно ќе работат на веќепоставената образовновоспитна и мултикултурна тема: Modus operandi, modus vivendi.
Целта на овој проект е да се докажат поставените хипотези дека Европа не е само Европската унија, туку таа е една метагеографска и метанационална дефиниција во која составен дел се сите народи што живеат во неа, а не само оние што се дел од ЕУ. Всушност, низ едукативните работилници, низ организирањето форум-театар и низ низа други активности, 24 ученици ќе дишат со здивот на нефрустрирачки геополитички и биоетички одредници за ограниченоста на Европа на „подобни и неподобни народи“ за влез во нејзините високопочитувани институции и организации.
Гимназијата, како и многупати досега, станува место на промоција на човековите вредности кои стојат над сите други ограничувачки вредности во која било општественоисториска смисла.
Можно е да е слика од 10 луѓе и луѓе студираат
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани