2win800x200

ПРЕЗЕНТИРАН НОВИОТ ЛЕАП НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА ПЕРИОДОТ 2024-2030

Ноември 18, 2023
Пред советниците од Советот на општина Битола, претставници на невладиниот сектор и општинската администрација, денес беше презентиран новиот Локално еколошкиот акционен план (ЛЕАП) на општина Битола за периодот 2023-2030 година. Овој стратешки документ општината има законска обврска да го изготви, согласно Законот за животна средина.
May be an image of 6 people and people studying
Пред присутните се обрати градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, кои истакна дека ЛЕАП има за цел да ја идентификува состојбата со животната средина во сите тематски области, односно урбаниот развој, воздухот, отпадот, бучавата, почвата и земјиштето, природата итн.
„За нас, како локална самоуправа, ваквите стратешки документи се од огромно значење, бидејќи го трасираат патот на следните чекори кои што треба да бидат реализирани во насока на подобрување на животната средина, што е и наша стратешка цел.
Од Локално еколошкиот акционен план, понатаму треба да произлезат квалитетни годишни програми, кои ќе ги одредат приоритетите и клучните проблеми, по што ќе следуваат предложени мерки и активности со кои истите треба да бидат надминати.
May be an image of 3 people
Овој стратешки документ, треба да биде наш водич во надминување на еколошките проблеми со кои што се соочуваме во секојдневието, а од своја страна треба да послужи и како документ со кој ќе можеме да привлечеме финансиски средства, за надминување на воочените еколошки проблеми.
Очекувам дека барем во поголем дел ќе бидат реализирани предвидените активности од локално еколошкиот акционен план, кој самиот по себе ќе биде и наша алатка, со која ќе можеме да соработуваме и со бизнис секторот и граѓаните на општина Битола, во насока на обезбедување заштита на животната средина, квалитетот на живот, а со тоа и подобро здравје за сегашните и идни генерации кои што живеат на територијата на општина Битола“, посочи градоначалникот Коњановски.
Од страна на изработувачот на ЛЕАП, фирмата избрана на тендерска постапка Еуромак Контрол од Скопје, беа образложени деталите при изработката на овој стратешки документ, посебно тематските области воздух, води, отпад, почва и користење на земјиште, биолошка разновидност, урбан развој и урбано зеленило, како и бучавата.
По излагањето, се разви дискусија со присутните, за изработениот документ.
Донесувањето на Локално еколошкиот акционен план како стратешки документ, кој е еден од низата стратешки документи во повеќе области, кои што беа донесени во текот на оваа година, го надополнува сериозниот и квалитетен пристап на локалната самоуправа, кон квалитетно соочување и решавање на предизвиците од повеќе области во нашата општина.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани