2win800x200

Во новиот „Блис“ мол во Битола доаѓаат светски брендови

Март 26, 2024

Новиот трговски центар „Блис“ што се гради во Битола на Дулие е во напредна фаза и треба да биде готов до почетокот на летото. Новиот трговскиот комплекс „Блис“ е инвестиција на  локалната битолска фирма „Беком“ и ќе се простира на површина од 22.000 квадратни метри.

„Трговскиот центар ‘Блис’ ќе биде готов до крајот на јуни. Во Битола ги носиме големите брендови со продажни салони, на големи површини, како ‘Нјујоркер’,  ‘Де факто’, ‘Котон, и многу други брендови што допрва ќе ги откриеме. Големи салони за мебел, за бела техника, а во молот ќе има и две кафетерии и ресторан, игротеки... На локацијата ќе има 220 паркинг места во затворен и отворен дел. Ќе има дел со дуќани за локалните трговци.  ‘Блис’ ќе значи заживување на битолската економија“, велат од битолската фирма “Беком“.   

Блис центар денес

434204748 1117227826071477 3736813385274651735 n

А.Блажевска

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани