2win800x200

Уапсени двајца жители на Слоештица-најдени нелегални 3 тони ќумур и 27 кубика дрва

Април 10, 2024

СВР Битола лиши од слобода двајца жители на Демирхисарското село Слоештица за нелегална сеча на дрва, односно за делото „пустошење на шума“. 

Кај дрвокрадците се откриени вкупно нелегално стекнати 27 кубни метри дрва и 220 вреќи ќумур или околу 3 тони ќумур. 

Според информации од СВР Битола, при претрес во селото Слоештица кај лице родено 1966 година, најдени се поголеми количини од ќумурот, односно околу 3 тони ќумур,  и 7 кубика дрва нелегално исечени, две моторни пили и приколка што ќе бидат одземени. Кај второто лице родено 1980 година, исто така од Слоештица при претрес најдени се 20 кубика дрва на местото викано „Пеливар“, локација над селото.    

Двајцата како сторители на кривично дело, се лишени од слобода и ќе одговараат за „пустошење на шума“. 

Акцијата беше спроведена денеска во координација на МВР и Шумската полиција.   

 

А.Б  

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани