АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општинскиот Совет отпочнува постапката за основање јавно претпријатие за управување со градските паркинзи во Битола. На сегашниот концесионер со градските паркинзи, договорот му истекува во јуни 2019, по што управувањето ќе го преземе Општина Битола, информираат за апла.мк од локалната самоуправа.
На следната седница на Советот на 7 ми септември, како прва точка на дневниот ред пред советниците, ќе се најде иницијативата за формирање на ова јавно претпријатие.
Со оглед на тоа што процедурата за формирање на јавно претпријатие ќе трае неколку месеци, од локалната самоуправа велат дека до јуни целата постапк треба да биде звршена..