АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолскиот гигант „Синпекс“ Битола, ги отвори вратите за ученици од средното техничко училиште СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ Битола да имаат практична настава како дел од образованиот процес. Оваа активност е дел од успешна реализација на проектот Social Day.
Денеска осуммина ученици од трета година беа на практична настава со цел да се запознаат со дел од процесот на работа во компанијата која воглавно се занимава со застапување, продажба и сервисирање на механизација, машини и опрема наменети за земјоделстството, шумарството, градежништвото како и за општа употреба.
Средношколците беа распоредени во четири сектори од процесот на работа на „Синпекс“ и тоа сервис, монтажа, продавница и магацин, каде имаа увид во практичната работа и припомош во изготвување на функционална машина, склопување и монтажа на делови, организација на цени и декларација, пропрема на работи за испорака на стока.
Средношколците сметаа дека праксата во реални компании им дава можност да стекнат специфични вештини од областа за која учат, како и вештини потребни за нивното идно вработување. Праксата исто така им дава поголемо познавање за насоката и областа во која се образуваат и со тоа им помага да донесат подобра одлука при изборот на нивната кариера во иднина.
Техничкото училиште од Битола и компанијата „Синпекс“ Битола ја продолжуваат долгогодишната успешна соработка.