АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Големиот број на високоплатени тендери му донесе на „Марковски Компани“ прво место во „натпреварувањето“ за најуспешна компанија по остварена добивка во Битола во 2023, објави faktor.mk
Бизнисот на Борче Марковски за ископ на јаглен и јаловина за потребите на РЕК Битола, како и другите активности на оваа градежна компанија ја прават неприкосновена на врвот за минатата година. За период пократок од шест месеци „Марковски компани“ на Борче Марковски доби три тендери од ЕСМ во вредност од 80 милиони евра за ископ на јаловина и лигнит во рудницитена РЕК Битола.
На второто место е земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, кој направи фантастичен резултат, но не од своето редовно работење, туку од наплата на дивиденда од акумулираната добивка од биогасната централа „Пелагонија Енерџи“. Кромберг и Шуберт, производителот на кабли за автомобилската индустрија, е на третото место и за него кризата со прекини во синџирот на снабдување дефинитивно е завршена, стои во анализата на Фактор.