АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Десеттина вработени во ЈП „Стрежево“ Битола велат дека во очи на формирање на новата влада, се во „немилост“ на директорот Методија Граматковски кој предложил намалување на нивните плати, тврдат засегнати вработени во разговор за АПЛА.МК.
Според нивото тврдење, се менува систематизација за плата со што ќе бидат оштетени за по неколку илјади денари од висината на сегашната платата, односно намалувањето кај нив ќе биде од 2 до 8 илјади денари помалку од сегашниот месечен приход, што за нив е неправедно и деградирачки.
Одлуката за намалување на платата се однесува на дел од вработените во секторите Комерција и Електрика, за што утре треба да одлучува Управниот одбор на претпријатието.
Ваквиот чин кај засегнатите, предизвика голем револт, бидејќи како што велат за нашиот медиум, се сомневаат дека ова се должи заради нивното „одбивање да учествуваат во сомнителна јавна набавка за веќе изградената фотоволтаична централа која е изградена надвор од тендерската документација.“
Засегнатите работници велат дека имаат оптимизам дека Управниот одбор, како што си ја вршеше совесно работата во изминатите 7 години и сега ќе постапи соодветно на законските норми и нема да го прифати предлогот на директорот.
Директорот Методија Граматковски не одговори на нашиот телефонски повик, пративме и порака со објаснување за реакцијата на вработените, па очекуваме и негова изјава за случајот, доколку испрати ќе ја објавиме во целост.
Граматковски седум години е на челната позиција на „Стрежево“, и доаѓа од редовите на СДСМ.
Фото од веб страната на Стрежево Битола, од настанот за промоција на фотоволтаичната централа.