АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СФЕРА Интернешнал во склоп на проектот "Social Impact: KA2 Measuring What Is Important" поддржан од програмата Ерасмус + на Европска Унија, организираше завршен настан. На него се обратија двајца говорници од СФЕРА Интернешнал, првиот говореше на темата општествено влијание и како да заклучиме дали е проектот е успешен и има влијание на општеството, додека вториот сподели повеќе информации за проектот и резулатите од истиот.
Настанот беше интерактивен и се дискутираше во групи за локални проблеми и на кој начин може да се пристапи кон нивно решавање.
Настанот се одржа во Europe House на 17ти Јуни со почеток во 12 часот, на истиот присуствуваа 34 гости, локални и странски. Настанот успешно завши со коктел и неформален разговор.
Проектот беше финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија. Носител на проектот беше Center for Euroinitiatives (Украина), додека парнери беа: Guidehub Consulting LTD (Англија),ARTE.M cultural association on Madeira island (Португалија),Alternative Education Academy (Грузија), Fundacja Rozwoju Społeczeństwa Przedsiębiorczego (Полска), SFERA International (Северна Македонија), Gyumri Youth Initiative Centre (Aрменија) и Common Sense (Азербејџан).