АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 26, 27 и 28 јули шеснаесет екипи со две генерации млади фудбалери, 2012-2014 година, ќе се натпрваруваат на „Меморијалот Трофеј Куља“ што ќе се одржи во селото Црнобуки, крај Битола.
-Некои се едноставно поинакви од останатите. Некому фудбалот, развојот на младите таленти, континуитетот им е пред сите други работи. Еден таков посебен пример е нашата приказна. Приказната на „Меморијалот Трофеј Куља“. Ова лето дел од најдобрите младински екипи од Македонија и регионот ќе се соберат на петтото издание на турнирот. Меморијалот ќе се одржи во селото Црнобуки, крај Битола, а од оваа година наместо еден натпревар, ќе биде организиран цел турнир. На 26, 27 и 28 јули шеснаесет екипи со две генерации млади фудбалери, 2012-2014 година, ќе се натпрваруваат за престижниот пехар и богати индивидуални награди. Учеството на турнирот го потврдија Пелистер, Победа, Брера, Вардар, Македонија Ѓорче Петров, Тиквеш, Евро гол, Јанг тим, Еден на еден, екипи од соседството... За издвојување е што екипи учесници не плаќаат партиципација, а предвидени се уникатни награди за победниците. Најкорисните играчи по генерации (МВП) ќе добијат седумдневно учество на кампот на балканскиот гигант Партизан од Белград. Бидете дел од шампионскиот тим и поддржете го овој масовен турнир, чија единствена цел е позитивниот развој на нашите млади фудбалери, велат организаторите.