2win800x200

Започна асфалтирањето на „Солунска“ на потегот од Трета реонска до улица „Пецо Божиновски“

Јули 29, 2024
Продолжува реконструкцијата на патната инфраструктура во Битола. Денес започна асфалтирањето на улицата „Солунска“ на потегот од Трета реонска до улица „Пецо Божиновски“. Во следната фаза продолжува другиот дел од реконструкцијата до улица „Мирка Гинова“. Со работните активности на терен предвидена е комплетна реконструкција на улица „Солунска“, а оваа фаза вклучува реконструкција на мешовита канализациона мрежа во должина од 554,2 метри, водоводна мрежа во должина од 223,25 метри и реконструкција на коловоз во должина од 566,65 метри. Вкупната вредност на проектот изнесува околу 25.000.000 денари.
Паралелно, продолжува асфалтирањето на улиците и во Населбата „Недопирливи“.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани