Денес, во организација на прифатилиштето „Хачико“ од Битола, беше одбележан Светскиот ден на бездомните животни со топол и полн со љубов настан. Под ведро небо и во весела атмосфера, се собраа голем број активисти, волонтери и љубители на животните заедно со насмеани ученици и средношколци.
Младите имаа прекрасна можност да се запознаат и дружат со дел од милите штитеници на прифатилиштете кои ја почувствуваа грижата и топлината на човечкото срце кај нас во прифатилиштето. Освен игра и гушкање, учениците одблиску дознаа што значи да се биде активист и волонтер, и колку малите дела на добрина можат да направат голема разлика во животот на овие животни.
Овие моменти нè потсетија дека секое животно заслужува љубов, топол дом и сигурност. Дури и една прошетка, насмевка или гушкање може да значи свет за нив. Ве охрабруваме сите што чувствувате љубов кон животните да се приклучите – како волонтери, донатори или едноставно со поддршка и споделување на приказните на овие мали херои. Заедно можеме да направиме многу за нив, чекор по чекор, шепа по шепа.
Голема благодарност упатуваме и до@Petplus Macedonia кои верно не следат и не помагаат на вакви организирани настани и во секојдневната работа и грижа. Нашите штитеници се среќни и се радуваат на секоја ваша донација.
Во оваа прилика уште еднаш сакаме да упатиме голема благодарност до оние кои се грижат за здравјето и за цел хуманиот третман и здравствена заштита на нашите бездомни кучиња - Докторите од ветеринарни амбуланти.