ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА СО АКТИВНОСТИ ГО ОДБЕЛЕЖУВА СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ГЛАДОТ

Октомври 16, 2018

Државна видеолотарија како општествено одговорна компанија се вклучи во активностите со кои денес, 16 октомври се одбележува Светскиот ден на храната и ден на борба против гладот.

 

Храната е примарна човечка потреба. Според организацијата за храна и агрикултура при Обединетите нации, во светот 805 милиони луѓе живеат со хроничен глад, меѓу нив, 60% жени и речиси пет милиони деца под петгодишна возраст, кои умираат поради хронична ненахранетост.

Во Македонија, според податоците кои беа презентирани неодамна, 450.000 илјади граѓани живеат под прагот на сиромаштија. Ова бројки се застрашувачки. Токму и затоа, Државна видеолотарија на РМ како општествено одговорна компанија, донесе одлука да преземеме активности со кои ќе дадеме свој придонес кон решавањето на овој проблем.

Нашиот тим се вклучи во солидарноста на екипата на „Ретвитни оброк“, со цел да овозможи социјално загрозените да го задоволат своето основно право, правото на храна.dd

Според директорот на Државна видеолотарија на РМ, Костадин Каракабаков, ова нема да биде еднократна акција која се организира само денес. „Тимот на нашата компанија ќе се погрижи активностите од овој тип, да ги практикуваме почесто, со цел да им помогнеме на овие луѓе. Секој од нас може да даде свој придонес. Сите познаваме некој, на кој треба да помислиме, не само денес, туку и во иднина, со цел да влијаеме на проблемите во поглед на задоволувањето на основните човечки потреби. Секој од нас треба да биде општествено одговорен. Само така ќе влијаеме кон подобрување на условите  за ранливите групи, кои се дел и од нашето општество“- додава Каракабаков.

Денешниот ден се одбележува низ целиот свет со цел да ја подигне свесноста за проблемот со глад.uu

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани