2win800x200

Водовод Битола со остра реакција - Ги демантираме политичките „памфлети“ на Габриела Илиевска, претседател на Советот на Општина Битола

Септември 04, 2025

ЈКП Водовод Битола со остра реакција - Ги демантираме политичките „памфлети“ на Габриела Илиевска претседател на Советот на Општина Битола.

Соопштението ви го пренесуваме во целост -  

 

ЈКП Водовод Битола остро реагира и ги демантира сите политички „памфлети“ изнесени од  претседателката на Советот на општина Битола Габриела Илиевска, искажани во средставата за јавни информирање, а поврзани со три и пол годишното работење на претпријатието.

Во врска со изнесените шпекулации во јавноста околу „загубата“ на ЈКП Водовод Битола, Ве известуваме дека:

-вкупните приходи за 2024 година се околу 284 милиони денари, вкупните расходи се околу 346 милиони денари, што продуцира загуба од околу 61 милион денари. Ако се земат предвид само неколку ставки на расходи и приходи ќе се види јасно зошто е тоа така. Вкупен приход од наплата на вода од правни и физички лица е околу 262 милиони денари, а од останатата реализација е околу 22 милиони денари, а додека расходите по само три основи и тоа : електрична енергија околу 43 милиони денари, сирова вода- кон „Стрежево“(заради сушата минатото лето) околу 50 милиони денари и трошоци за плати за вработените 148 милиони денари – што дава вкупен расход кога се додава и ДДВ по само три ставки е повеќе од 280 милиони денари. 

Ова покажува дека целокупниот приход при висока наплата на сметки од околу 95% е близу вкупниот расход за само овие три ставки. 

Само за илустрација би направиле уште две споредби и тоа: во 2021 година во ЈКП Водовод имаше вкупно 227 вработени и трошокот за плата изнесуваше околу 107 милиони денари, а во 2024 год. има вкупно 205 вработени (22 вработени помалку) а трошокот за плати изнесува околу 148 милиони денари, што е за 41 милион денари повеќе при значително помал број на вработени. 

Во текот на 2021 година ЈКП Водовод Битола влезе во непотребна инвестиција за „нова управна зграда“ за која што се потрошени повеќе од 60 милиони денари  колку што изнесува сегашната загуба на ЈКП Водовод Битола.

 Направени се непотребните инвестиции за купување на нови водоводни пумпи во висина од 24 милиони денари кои се со  помал капацитет на испумпување на вода што доведува до намалување на водоснабдувањето и намален притисок на вода, без да се има резервна пумпа со што се доведува  во ризик водоснабдувањето на градот.

За да нема недоразбирање во јавноста, основач на Јавното комунално претпријатије Водовод Битола,  е  Советот на Општина Битола со кој што раководеше (и сеуште раководи)

Габриела Илиевска како претседател, која го имаше (и се уште го има) мнозинството на одлучување во Советот.

Во четири годишниот период од  владеењето на претседателката Габриела Илиевска со Советот на Општина Битола, не е донесен ниту еден план за работа на ЈКП Водовод Битола, не е прифатена ниту една програма за  работа на ЈКП Водовод Битола, не е донесена ниту една завршна сметка на претпријатијето, не е донесен ниту еден годишен извештај за работењето на претпријатието, не е донесена  ниту една позитивна одлука или било каков конструктивен предлог во корист на ЈКП Водовод Битола од нејзина страна.

Затоа на сите прашања поврзани со работата на ЈКП Водовод Битола, одговор треба да даде претседателката на Советот на општина Битола Габриела Илиевска за деструктивното однесување кон работата на сите јавни комунални претпријатија, соопштија од Водовод Битола за медиумите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани