2win800x200

Венко Филипче се спротивстави на непотизмот во Битола и ја тргна од листата на советници братучедата на кандидатот за градоначалник Методија Куновски

Септември 12, 2025

Венко Филипче се спротивстави на непотизмот во Битола и ја тргна од листата на советници братучедата на кандидатот за градоначалник Методија Куновски.

Синоќа ОО на СДСМ Битола одржа Изборна конференција и ја скрои новата листа на советници за претстојните локални избори. По пишувањата на „Апла“ дека кандидатот за градоначалник на СДСМ за Битола, Методија Куновски, на листата меѓу првите пет го предложил името на неговата блиска родина од прво колено, Мирјана Захариевска-Ралевска, актуелна советничка, лидерот на СДСМ Филипче, пратил абер и нова коригирана листа да се исправат „грешките“ кои можат да и' наштетат на партијата на локалните избори наесен.

Така, за носител на листата останува актуелниот советник Петар Николовски (вработен во приватен сектор), на второ место е познатаната режисерка Софија Ристевска, па следува актуелната советничка Јадранка Павловска (вработена во ЈП Стрежево), четвртото место е за НСДП како коалиционен партнер, петти останува актуелниот секретар на партијата Александар Дакуловски (вработен во ЈП Стрежево), на шесто Теута Алимовска (Дом за доенчиња), на седмо Јане Велкоски ( информатичар-приватен сектор). Осмата позиција на листата е резервирана за кандидат за советник од ВМРО-Народна партија, на девето место е Благоја Лазаров (Здравствен дом), а на десетото место на листата Тања Николовска (Битолски театар).

Социјалдемократи со кои разговараше „Апла“ велат дека синоќа во Битола имало демократска атмосфера на кроење на листата за разлика од претходниот пат кога поединци ги штителе личните и фамилијарни интереси.  Дека можеби се уште има нездоволство кај дел од истакнати членови на СДСМ кои требаше да бидат на добатни комбинации - има, но главно новата листа за советници се прифаќа како баланс и компромис меѓу членовите на коференцијата за единство на претстојните избори.

„Новата листа е компилација меѓу листата што беше претходно направена и коригираната листа од ЦО во Скопје. За секој кандидат, поединечно се гласаше од страна на членовите на Извршниот одбор во Битола и се помина во знак на компромис и доверба“, велат членови на ИО на СДСМ за „Апла“.     

Новата предлог листа изгласана синоќа на Изборната конференција ќе биде испратена во Скопје, но не се очекуваат нови корекции.

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Битола, бившиот новинар Методија Куновски синоќа објави фотографија од Изборната конференција и напиша – „Во единството е силата“.

Неофицијално лидерот на СДСМ Венко Филипче утре ќе биде гостин во Битола за одблиску да се запознае со состојбите во општинската организација, за тоа како треба да се одвива кампањата, и како што велат членови на СДСМ да испрати  порака дека грешките од минатото нема да се повторат во Битола.

Членови на партијата сепак велат дека Филипче треба да ги испита и „игрите“ во партијата  во кои поранешни функционери на СДСМ, и истакнати членови во претходните раководства „работат“ на планот Куновски да не влезе во втор круг на локалните избори за градоначалник, односно намерата на поединци кои се прикажуваат како блиски до Филипче била СДСМ да не остане како втора политичка сила во градот. 

Анета Блажевска 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани