АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Статуата на Атена Партенос пронајдена во Хераклеја денес ги краси витрините на Народниот музеј во Белград. Изложената статуа за време на посетата на музејот во Белград ја сними Ирена Ружин, доктор од областа на туризмот и ја објави на својот фејсбук профил.
(Линк од снимката https://www.facebook.com/irena.ruzin/videos/10217133171470590/ )
На снимката се гледа дека покрај статуата има натпис во кој пишува дека потекнува од први до втори век пред нашата ера од Буково, Битола. Понатаму дека е една од четирите сочувани реплики на статуата на божицата на мудроста Атена од Акропол, Атина од 438 година пред нашата ера.
„Иконографски најдобро одговара на оригиналот, мермерната фигура Атена Партенос пронајдена 1931 година во лозје недалеку од Битола. Најверојатно е дело на грчки мајстор од римската епоха, кој бил директно инспириран од оригиналот со оглед на тоа дека до детаљ ја претстави онака како што ја опишуваа одделни антички писатели“, пишува во посветата до битолскиот артефакт изложен во Белград.
Статуата на Атена Партенос е дел од движното македонско културно богатство кое за жал денес краси други музеи. Воедно и бистите на грчкиот говорник Ајсхин, кој е извонреден портрет работен во духот на класицизмот на Хадријан и бистата на непознатиот поет денес се наоѓаат во Британскиот музеј во Лондон.
Инаку, во Белград во Заводот за проучување на културниот развој се одржува регионален семинар на тема „Хиперповрзани музеи- предизвик на дигиталната комуникација“ на кој битолчаните Ирена Ружина и Јове Парговски, експерти од битолскиот Завод и музеј, ќе имаат свои предавања.