
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
АД ЕСМ покрај општестевно одговорна компанија истата ги следи светските трендови во насока на нови профили од електро-енергетскиот сектор.

 
Со денешното доделување на 11 стипендии беше продолжена долгогодишната соработка со Битолскиот Универзитет поточно со Техничкиот факултет. АД ЕСМ покрај директниот влог, индирекно инвестира и во идните потенцијални вработени, затоа денеска беа доделени пет нови, а се обновија договорите за шест стипендии на студенти на Техничкиот факултет- Битола. Имено условот за продолжување на стипнедијата од 80 000 денари или поточно 10 месеци по 8 000 денари, добија оние кои го запазија критериумот, просек не помал од 8, а условите се исти и за новите пет стипендисти, со кои денеска АД ЕСМ потпиша договор во просториите на Подружница РЕК Битола.


Техничкиот факултет од Битола со своите наставни програми често е во согласност со потребите на електро- стопанството во земјава, со што новите пет стипендии се од одсекот мехатроника и електоренергетски системи и обновливи извори на енергија, додека продолжените шест договори ги помагаат студентите од секторот машинство. Нашата визија како компанија е континуирано инвестирање во производствени капацитети, но и соодветен кадар-вработени кои ќе управуваат со истите, со цел непречени резултати од целокупното работење и стабилен енергетски систем во Државата.









