Пред и потоа- Целосно исчистена депонијата кај старите бараки на УЈП

Септември 21, 2019

Целосно исчистен е просторот каде беа смесени некогашните бараки на УЈП и депонијата која таму се создаваше со години. Наместо грдата слика со смет и рушевини, сега може да се види чист простор на кој општината најави дека ќе му најде примена во интерес на граѓаните. Местото беше исчистено во акција на јавните претпријатија на Општина Битола, предводени од ЈП „Комуналец“, а откако се исчисти просторот беше и измиен за да не се создава прашина. Во акцијата се вклучи и локалното население.

 

„Пред околу десетина дена започнавме со расчистување на овој простор. Ова е класичен пример како може да изгледа еден простор ако се отвори. Долго време беше угушен и не беше во функција. Голема благодарсност и до преставниците во месната заедница кои се вклучија во активностите на јавните претпријатија. Со нив разговарвме што би било во иднина со овој простор. Останува овој есенски период тоа да го дефинираме за на пролет да изникне нова слика и целосно да се стави во функција на граѓаните“, рече градоначалничката Наташа Петровска.СЕГА 2

Запрашана околу идната намена таа одговори : „Факт е имаме проблеми со паркирањето во улицата што е во непосредно опкужување. Факт е дека според ДУП имаме и онаму каде се канцелариите за развој на образованието подрачје предвидено за парк. Во комбинација со овој простор тука треба да направиме преуредување и на паркирањето и на зелените површини“.

Директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски најави дека акциите за чистење нема да се спроведуваат само денес кога се одбележува Светсиот дена на чистењето, туку ќе продолжат и во следната недела.

„Следната недела ќе биде недела на чистењето во Битола. Ќе чистиме на повеќе локации каде се лоцирани депонии и кон крајот на следната недела направиме исто така една масовна ваква акција. Од друга страна ќе апелирам до граѓаните за малку посовесно однесување да не се создаваат депонии зашто и да сакаме не можеме постојано да излеземе во пресрет за чистење на тие локации“, рече Богоевски.СЕГА 3

Тој информираше дека ЈП „Комуналец“ го подига гломазниот отпад, па граѓаните можат телефонски да побараат таква услуга, а не да го оставаат тој смет до уличните контејнери.СЕГА 4

СЕГА 5

СЕГА 6

СЕГА 7

(Во чеистењето се вклучи и месното население) 

СЕГА 9

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани