2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Ставени темели за изградба на покриен базен во Битола

Февруари 15, 2020

Во дворот на училиштето „Даме Груев“ во Битола денес се стави камен темелник за изградба на покриен базен, кој е дел од проектот за изградба на 14 пливачки базени на Агенцијата за млади и спорт. Директорот на Агенцијата Дарко Каевски рече дека рокот на изведба е 18 месеци, но според изведувачите можно е да биде готов на крајот на годинава или на почетокот на 2021 година. Инвестицијата е 43 милиони денари.

 

„Базенот е со димензии 25 метри должина и 9 метри широчина со што ги исполнува сите пропишани услови за одржување на домашни и меѓународни натпреаври, дополнително енергетско ефикасен се со цел да заштедува од трошоците и да биде рентабилен, одржлив и да не нанесува загуби, трошоци, како на Општината така и на школото. Овој проект го спроведуваме со цел да ги тргнеме децата и спортистите од сите негативни и штетни влијанија, да се намалат сколиозите, деформитети, прекумерна телесна тежина и пливањето како базичен спорт, пред се да ги мотивира децата да спортуваат и да ги стимулира децата дополнително да практикуваат спорт и здрав начиннна живот“, рече Каевски.темели 4

 

Заменик министерката за образование Елизабета Наумовска рече дека за првпат Битола ќе добие покрен базен и учениците за проектните активности од областа на спортот не ќе мора да патуваат до Скопје за да видат затворен базен.

„За брзо време улчениците ќе ги видат бенефитите колку спортот за нив значи, особено во пливањето, посебно во рамки на наставните програми и проектните активности за кои до сега мораа да одат во Скопје за да видат затворен базен. На ваков начин и со изградба на други спортски објекти се надевам дека ќе ги вратиме младите да живеат здраво и спортски, ќе ги задржиме тука да бидат здрави и активни граѓани на нашата држава“, рече Наумовска.темели

Градоначалничката Наташа Петровска рече дека со овој проект се потврдува соработката помеѓу централната и локалната власт.

„Денес се воведува во работа изведувачот и никогаш до сега Битоа не била во ваква ситуација, да не зборуваме со ќе за отворање и правење на покриен базен, туку да зборуваме за нешто што е реалност и што значи директна работа на терен. Особено ме радува што тоа се наоѓа во училиштето Даме Груев , па ќе овозмножи анимирање на учениците , но на овие училишта кои немаат спортски сали дел од своите спортски активности да ги изведуваат во овој базен. Базенот ќе биде во насока на школските активности, но ќе биде отворен и за граѓаните“, рече Петровска.

За време на претходната власт беше распишан тендер за изградба на спортски комплекс кој требаше да содржи и затворен базен, тогаш се планираше јавно-приватно партнерство, но на тендерот не се јавија заинтересирани субејекти и пропадна.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани