АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во следните 14 дена ќе биде прекинат воспитно-образованиот процес во градинките, наставата во основните и средните училишта во земјава. Ова е нова мерка што Министертвото за здравство ја предложи до Владата, а таа ја усвои на денешната седница со цел да се спречи ширење на вирусот корона во земјава.
Според изјавата на министерот за здравство Венко Филипче во следните 14 дена од работа ќе бидат ослободени и вработените во образовните институции.
Во семејствата каде има деца до десет години, едниот од родителите ќе може да отсуствува од работа за да се грижи за детето додека трае прекинот на наставата во следните 14 дена. Тоа отсуство ќе им биде платено.
Воедно, се прекинува наставата на универзитетите и јавните-научни институти.
Се забрануваат масовни настани на отворено и затворено на кои е планирано присуство над 1000 луѓе, а се препорачува да се откажат и помали настани. Спортски натпревари со публика нема да се одржуваат во следните 30 дена.
Ж.З.