АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола во соработка со наставниците, започна со задавање на интернет содржини за учениците. Оваа интернет платформа, постојано ќе се надополнува со нови наставни содржини, со цел учениците да можат дома да работат на совладување на наставниот материјал.
Можат да седат дома и да учат со #домашнаучилница. Содржините се поставени на веб страница на Општина Битола, на следниот линк: Домашна училница - Општина Битола
Досега содржини за домашната работилница доставија ОУ „Свети Климент Охридски“ по предметот, за наставната содржина – Множење со бројот 2 (второ одделение) и ОУ „Свети Кирил и Методиј“ по предметите математика и македонски јазик – Содржини по математика и македонски јазик за трета седмица од месец март (петто одделение)