АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По објавата на апла.мк дека Министерсвото за здравство потврди за уште двајца позитивни на КОВИД 19 во во приватната гинеколошко акушерска болница „Плодност“, денеска се огласи и сопственикот на болницата д-р Таше Трпчевски. И тој ја потврди информацијата, но вели дека не уште двајца, туку тројца од персоналот на Плодност се позитивни на КОВИД19, затоа што гинеколог од Прилеп вчера потврдил дека е заразен со корона вирусот.
-Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гинеколог и една медицинска сестра. Анестезиологот и медицинската анестезиолошка сестра пред три дена само еден ден имаа температура и блага кашлица Јас побарав да им се земат брисеви. Побрав да се земат брисеви и од неколку вработени кои кивнале.Сакам да се земат брисеви од сите вработени.Институтот за јавно здравје прави проценка и не сака да земе на сите. Анестезиологот и медицинската сестра само еден ден беа фебрилни, сега се здрави и немаат ништо. Барав за гинекологот кој е од Прилеп, а е кај нас вработен, заради тоа што има епидемиолошка анамнеза. Тој е позитивен (вчера попладне ми ја даде информацијата).Тој е асимптоматски носител.Тие се најопасните како сите вие кои што не знаете можеби дали сте таков носител, напиша Трпчевски на ФБ.