2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Битолчанец по грешка прогласен за позитивен по тестирање во приватна лабораторија

Мај 02, 2020

 

Битолчанецот за  кој на 24 април беше објавено дека е позитивен на КОВИД-19, всушност воопшто не е заболен. 
 
Како што информираат здравствените власти, грешката е направена при обработката на земениот брис од пациентот во лабораторијата на приватната болница "Жан Митрев". Ваков пропуст во истиот ден имало и кај двајца пациенти од Скопје, односно кај вкупно тројца тестирани. Уште следниот ден направени биле контролни тестови, кои биле негативни, а, исто така тестирања се направени и во Институтот за јавно здравје, кои исто така покажале негативни резултати.
  
"Лабораторијата на Жан Митрев достави допис со исправка до ИЈЗ за позитивни резултати на 3 лица (2 од Скопје и 1 од Битола) пријавени на 24 април. Трите лица се всушност негативни, а причина за грешката е најверојатно контаминација на материјалот. Кај трите лица лабораторијата во Жан Митрев уште веднаш, на 25 април, направила контролен тест на оригиналниот материјал, но и на нов брис по што се добиени негативни резултати, а истите лица се тестирани и преку ИЈЗ и тие резулатати се негативни", се наведува во информацијата од Министерството за здравство.
 
Со ова вкупната бројка на заразени од КОВИД-19 во Битола е 18 пациенти. Денес нема ниту еден регистриран новозаболен во Битола.
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани