2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во карамболот во Битола едно полесно повредено лице, лизгавиот коловоз можна причина за несреќата (Фото)

Мај 28, 2020

Едно лице беше полесно повредено во карамболот кој попладнето се случи на улица „Партизанска“ во Битола. Повредениот е однесен во Клиничка болница Битола каде му е укажана лекарска помош.

Увидот се уште трае, а според очевидци во верижната сообраќајна несреќа што се случи околу 18,30 часот учествуваа четири или пет возила, меѓу нив неколку автомобили и едно комбе. Едниот од автомобилите поминал без штета. Но, од судирот на возилата искрешени се три улични контејнери.

За сообраќај затрворен е дел од улицата „Партизанска“.

Не се знае како се случила несреќата, но во тоа време врнеше силен дожд, па се претпоставува дека коловозот бил лизгав.

Инаку жителите од оваа улица често се жалат дека брзо се вози, a синоќа на првиот ден по полицискиот час повторно започнаа ноќните трки со мотори.коли2

коли3

коли 4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани