Еден новозаболен пациент со КОВИД-19 е регистриран денеска во Битола и еден оздравен битолчанец. Со ова вкупниот број на заразени во Битола е 43.
Во Ресен денес има 4 новозаболени лица, со што бројот на позитивни е 91. И овде е регистриран 1 оздравен, но досега тројца ресенчани починале КОВИД-19
Еве го денешниот здравствен билтен на Министерството за здравство
Во последните 24 часа се направени 1074 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19.
- Скопје 70
- Куманово 2
- Дебар 6
- Штип 14
- Прилеп 2
- Тетово 25
- Струга 4
- Велес 2
- Битола 1
- Охрид 9
- Кавадарци 3
- Гостивар 11
- Струмица 1
- Крива Паланка 2
- Кочани 3
- Свети Николе 4
- Ресен 4
Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, пациент од Ресен (42г) хоспитализиран на 13 јуни и двајца пациенти од Скопје (71г) хоспитализиран на 15 јуни и пациентка (83г) хоспитализирана на 23 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти.
- Скопје 6
- Куманово 1
- Штип 16
- Прилеп 1
- Тетово 9
- Велес 2
- Битола 1
- Гостивар 2
- Кочани 1
- Ресен 1
Досега во земјата се направени вкупно 56.809 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5758, бројката на оздравени пациенти е 2206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3284.