Блиц интервју со Боби Мојсоски – Со нашите дела да им оставиме подобар свет на децата и внуците

Јули 11, 2020

Блиц интервју со Боби Мојсоски, кандидат за паратеник на ЛДП од Кичево во петтата изборна единица. Тој е генерален секретар на ЛДП, диркетор на Казнено-поправната установа „Идризово“, а претходно беше и прв човек на Агенцијата за поддршка на претприемништвото. Тој е сопруг и родител на две деца. 

Апла-Кажете ни накратко за вашето потекло, имате ли предци кои придонеле за Кичево?

Мојсоски- Роден сум во Кичево, каде живеам и работам заедно со моето семејство. Мојата фамилија потекнува од селото Карбуница. Тоа е едно мало село оддалечено околу шест километри од Кичево, но големо по својата богата историја каде минатото оставило длабоки траги низ годините наназад. Во Кичево имам долгогодишна фирма во чија работа е вклучено целото мое семејство и која успешно работи изминатите 30 години и на која сум посебно горд.  

Апла- Што Ви го исполнува слободното време?

Мојсоски-Поради тоа што имам се помалку слободно време преферирам да го поминам со моето семејство. Тие се мојата најголема поддршка и инспирација. Сакам да прочитам и добра книга, да изгледам добар филм, да се дружам со пријатели. .семеј

Апла-На кои мигови од животот честот се навраќате?

Мојсоски-Сакам да се навраќам на убавите мигови од животот, на мојата младост, студентските денови, на спомени од заеднички патувања, на раѓањето на моите деца, на моите животни и професионални искуства и успеси. Но, сега мислам дека е моментот да се фокусираме на новите предизвици и на градење подобра иднина  и со нашите дела да им оставиме подобар свет на нашите деца и внуци. 

Апла- Што беше пресудно да ја изберите оваа професија?предавање

Мојсоски- Се чувствувам единствено како бизнисмен и до крајот на мојата професионална кариера така и ќе остане. Да бидам попрецизен во мојата работа имам менаџерска улога. Инаку, во политиката сум влегол пред 25 години, како многу млад човек, полн со енергија и желба да ги менувам работите во државата на многу подобро. Денес таа желба ми е сѐ уште присутна, знам дека имаме многу за работа, знам дека Македонија треба да ја направиме правна, еко и богата држава, единствената разлика е тоа што не сум повеќе толку млад. Желбата да оставам нешто добро за моите деца ми е главниот мотив и понатаму да сум ангажиран во политиката.

Апла- Омилен настан од кариерата и настан кој ви паднал тешко?

Мојсоски- Политички гледано поразите и победите.  Победата на парламентарните избори во 2002 година и подршката од моите сопартијци кога станав генерален секретар на Либерално демократската партија. На неубавите не сакам да се сеќавам и не ги памтам.

Апла- Кое е мотото на Вашиот живот?

Мојсоски- Големите луѓе се успешни благодарение на мотото кое ги води во животот. Моето мото е дека за се постои решение!

Апла- Имате ли хоби? Како ги полните батериите?

Мојсоски- Најчесто батериите ги полнам во моето родно село Карбуница каде одиме со моето семејство. Таму имам мала викендица и овоштарник. Овоштарникот ми е семејсно наследство од мојот дедо и татко и секое слободно време го поминувам таму. Во вечерните часови знаеме да се собереме со пријателите, да направиме скара и да се релаксираме подалеку од градската гужва. Кога го правите она што го сакате, сте го поставиле камен темелникот на својот живот. Разбирањето, поддршката и несебичноста се работи што можат да ви овозможат среќа и задоволство во животот.со семеј

Апла-Која книга Ви е омилена и зошто?

Мојсоски- Да се прашува за омилена книга е исто како да се прашува родител кое му е омилено дете. Секоја книга има своја тежина, мисла, своја душа...Лично посебно би ја издвоил „21 лекција за 21 век“ од Јувал Ноа Харари.

Апла-Дали доколку станете пратеник би заминале од Кичево?

Мојсоски-Изминатите три години работам во Скопје како директор на Казнено-поправниот дом „Идризово“, но викендите секогаш ги поминувам во моето Кичево заедно со семејството и пријателите. Кичево секогаш ќе биде мојот роден дом и верувам дека ќе го направиме пристојно место за живеење за сите сегашни и идни генерации. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани